Search

Осум илјади компании можат да користат владина финансиска поддршка

Осум илјади компании можат да користат владина финансиска поддршка

Околу осум илјади компании би можеле да ги исполнат условите за користење на владината финансиска поддршка, оцени денеска министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Според Апостолска, првичната бројка на компании кои можеа да ги искористат предвидените средства од државата беше седум илјади, но со олабавувањето на законската можност што помина во Собранието, бројката барем од сегашна перспектива, ќе изнесува осум илјади.

Одговорајќи на новинарско прашања пред презентацијата на владината финансиска поддршка во Стопанската комора на Македонија, министерката ги потврди најавите на премиерот Зоран Заев дека интензивно се преговара со странски компании за инвестирање во Македонија.

– Меѓу компаниите има и италијански, главно од областа на медицинската опрема. Има и од други држави. Интензивно се преговара и тоа многу сериозно, потенцира Апостолска.

Треба да знаете
Последни објави