Search

Дедо од Катланово измамен од жена на неверојатен начин

Дедо од Катланово измамен од жена на неверојатен начин

Жена  крадела и  правела измами на неверојатен начин,  ограбен 90 годишен старец од Катланово. Според информациите на МВР, во петокот  во 22,30 часот во Полициското одделение Петровец  Д.А.(91) пријавил дека истиот ден околу 07,00 часот во с.Катланово додека се движел кон неговата викенд куќа на стариот пат кон Велес во непосредна близина на надвозникот на реката Пчиња од страна на непознато женско лице извршена му била тешка кражба на дрзок начин при што му бил одземен еден машки златен прстен при што сторителката стекнала со противправна имотка корист од околу 30.000 денари.

Оштетениот додека се движел кон  надвозникот за реката Пчиња во с.Катланово го пресретнало возило од кое излегло непознато лице на возраст од 50 до 55 години и му понудил еден прстен на продажба златна боја кој пријавителот го купил за сума од 500 денари а потоа откако лицето се вратило во возилото од истото излегло женското лице на возраст од 55 до 60 години и истата му понудила на продажба уште три прстени златна боја и една нараквица златна боја на што пријавителот одбил да ги купи бидејќи немал пари, но таа го забележала неговиот прстен на десната рака и му рекла дека сака да го види по што во еден момент му го извадила од неговиот прст и се вратила во возилото, притоа оставајќи му ги трите прстени со златна боја и нараквицата и заедно со другото лице го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави