Лажни молери измамиле скопјанец за 5.500 денари

Лажни молери побарале 11.000 денари од скопјанец за да му го бојадисаат домот. Кога му зеле капар од 5.500 денари, тие исчезнале, без да ја завршат работата за која се договориле.

Според информациите на МВР, вчера Н.С. (66) пријавил во полиција дека на 21 април бил измамен од 33-годишно лице од Скопје. Тој преку интернет пребарувал лица што може да му го бојадисаат домот и му се јавил на пријавениот, кој дошол заедно со уште две непознати лица. Тие се договориле за сума од 11.000 денари да го бојадисаат неговиот дом. Потоа лицето побарало капар од 5.500 денари, но до моментот на пријавување на настанот лицата воопшто не започнале со работа.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави