Сообраќајка во Скопје: Пензионер удри во мотор, младо момче на Ургентен

Во 22,40 часот на раскрсницата од улицата „Маџари“ со улицата “Маџари-2“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Опел Корса“ со скопски регистерски таблици управувано од 70-годишниот М.С. од Скопје и моторцикл „Џонвеј“ со скопски регистерски таблици управуван од  23-годишниот К.С. од Скопје.

Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил К.С. на кому му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави