Јапонци ограбени кај Катланово, ги бутнале од велосипедите и им земале се што имале со себе

Јапонци ограбени кај Катланово, ги бутнале од велосипедите и им земале се што имале со себе

Вчера околу 15.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавено е дека на локалниот пат од с. Катланово кон с. Брезница додека Ш.К. (54) и Х.К (48), двајцата од Јапонија, се движеле со велосипеди, им се приближило патничко моторно возило „Форд“ во кое имало три непознати лица кои излегле од возилото и физички ги нападнале, ги турнале од велосипедите и им одзеле 3 000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави