Search

Голем хуманитарен концерт во Ѓорче Петров за малиот Дамјан

Голем хуманитарен концерт во Ѓорче Петров за малиот Дамјан
Во Домот на култура во општина Ѓорче Петров, утре со почеток од 20 часот ќе стартува големиот хуманитарен концерт на младата музичка ѕвезда Магдалена Алексовска. На настанот ќе настапат и Ристо Самарџиев, Влатко Илиевски и Џокси.
Концертот поддржан од општината е со мотото “Да запееме со душа за Дамјан да слуша”. Средствата од концертот ќе бидат наменети за лекување на малиот Дамјан Поповски кој е жител на Ѓорче Петров, има скоро две години и се уште не слуша. На Дамјан неодамна му е вграден имплант во мозокот за да може да ги слуша звучните сигнали, но трошоците за лекување и одржување на имплантот се многу големи.
За да собереме што е можно повеќе средства, општина Ѓорче Петров ги поканува граѓаните масовно да го посетат овој музички настан, со што ќе придонесат за уште една детска радост.
Влезницата за концертот ќе чини 100 денари.

Треба да знаете
Последни објави