Search

Љубе Бошковски и официјално советник на Заев

Љубе Бошковски и официјално советник на Заев

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски и официјално станува дел од советничкиот тим на премиерот Зоран Заев.

Тој бил единствен кој ги исполнувал сите услови предвидени во конкурсот.

Бошковски ќе зема месечна плата во висина од 50.000 денари.
Примени се уште 4 посебни советници на премиерот.

Бошковски во 2011 година е осуден за нелегално финансирање на изборната кампања на неговата партија, и помина 5 години во затвор. Специјалното обвинителство за начинот на апсењето на Бошкоски го отвори случајот „Тортура“. Според СЈО, екс директорот на тајната полиција нарачал омаловажувачко апсење на Бошкоски, а во тоа помогнале шест полицајци припадници на единицата Алфи.

Треба да знаете
Последни објави