Search

Вучиќ: Каков било судир би го вратил регионот 100 години назад

Србија е посветена на мирот и стабилноста во регионот, порача српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Мостар.

Вучиќ додаде дека секој судир би го вратил регионот 100 години назад. Борисов ги повика сите лидери на Балканот да бидат разумни и да го сочуваат мирот.

Вучиќ и Борисов разговарале за претстојниот самит во Софија на 17 мај, на кој му се заканува бојкот од Шпанија, поради учеството на претставник на Косово, а српскиот претставник нагласил дека постои согласност дека е важно да се направи сè за да се зачуваat мирот и стабилноста на Балканот.

Вучиќ рекол дека до Самитот ЕУ-Западен Балкан има уште многу време и дека може да се случат многу работи до тогаш.

Треба да знаете
Последни објави