Search

Во Кривичниот суд се слушаат бомбите за набавката на Мерцедесот

Во Кривичниот суд се слушаат бомбите за набавката на Мерцедесот

Во Кривичниот суд во Скопје вечерва се слушаат прислушуваните разговори, кои се доказ на судењето за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра, што го нарача поранешниот премиер Никола Груевски.

Станува збор за осум прислушувани разговори, дел од нив веќе беа објавени јавно.

Претходно, одбраната со часови приговараше „бомбоите“ да не се пуштаат во судница, но судот ги одби приговорите и прислушуваните разговори почнаа да се слушаат по 20 часот.

Во случајот Тенк што го води СЈО обвинети се поранешниот премиер Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јнкулоска и поранешниот началник за јавни набавки Ѓоко Поповски.

Треба да знаете
Последни објави