Search

Три канцеларии изгореа во пожарот во Министерството за правда

Три канцеларии изгореа во пожарот во Министерството за правда

Пиштењето на алармот во зградата на Министерството за правда во 16 часот и 30 минути предупредил дека избувнал пожар. Вработените веднаш биле евакуирани, а пожарникарските екипи бргу стигнале, но огнот веќе ги зафатил просториите на четвртиот кат од зградата во центарот на Скопје.

На петтиот кат бил заменик министерот за правда Оливер Ристовски кој заедно со останатите вработени кои се уште биле во зградата, истрчале надвор. Густиот чад излегуваше од прозорците на одделението финанси, сметководство и меѓународна правна помош.

По повеќе од еден час пожарот беше целосно изгаснат, а само неколкумина пожарникари побарале амбулантска помош, но немаат повреди. Се интервенираше со 25 -мина пожарникари и единаесет возила. Високата температура која се развила од пожарот и инфраструктурата на зградата им создало најголем проблем на пожарникарите.

Поради Пожарот кој се случи во центарот на градот булеварот беше затворен, а предизвика огромно внимание кај минувачите.

Инаку ова не е прв пожар во зградата на правда. Пред околу 7 години се случил сличен инцидент, пошто подоцна зградата беше реновирана и ја доби сегашната фасада.

Треба да знаете
Последни објави