Search

Скандал: Наставник по историја малтретирал ученици

Наставник по историја малтретирал ученици

Седмир Усаиновски, 10-годишен ученик од селото Кишава. Раскажува за наставникот по историја кој, како што тврди тој, сакал физички да му наштети.

„Јас сум Седмир. Наставникот му рече на Флјорим ајде да го фрлиме по скали. Јас сум реков не можете да ме фрлите“, истакна Усаиновски.

Пред подрачното училиште во Кишава, денеска се собраа родителите на учениците. Не ги пуштија своите деца на наставата по историја. Велат дека ќе ја бојкотираат наставата се додека проблемот не биде решен.

„Дојдов заради детето овде, има еден наставник по историја, кој ги пишува оценките по пат на жрепка. Ние не ги пуштаме децата да учат ако е тој наставник овде, ние не ги пуштаме“, вели Јетон Умановски, родител.

„Не е во ред да се караат наставниците и да се караме ние родителите со наставниците. Тој ни е најголем проблем“, порача Садула Муаремовски.

„Во школото нема никакви инвестиции, катастрофа ни е школото, ние како да не сме во оваа држава. Школото го одржуваат децата. Годишно собираат пари за стакла, за боја и за други инвест. Ако се случи уште нешто, пак го плаќаат самите деца. Овде нема никаква инвестиција од страна на државата“, истакна родителот на Седмир, Јетмир Усаиновски.

Од училиштето во Бистрица кое е надлежно за селото во Кишава велат дека се запознаени со случајот.

За повеќе од текстот и видео на следниот линк тв21

Треба да знаете
Последни објави