Search

Лажни мајстори заработија кривична пријава

Лажни мајстори заработија кривична пријава

Лажни мајстори заработија кривична пријава од струмичката полиција. Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.Б.(53) од Струмица поради пет кривични дела „измама“, казниво по член 247 став 1 и 2 од Кривичниот законик и против И.М.(56) од Василево за „помагање“, казниво по член 24, во врска со член 44 од Кривичниот законик.

Во периодот од декември лани до март годинава во населените места Василево, Добрашинци и Висока Маала, К.Б. пред мештаните лажно се преставувувал како мајстор за изработка на кујни, комоди, ПВЦ и дрвена столарија, додека И.М. го искористувал неговото лично познанство и довербатата што ја имал кај жителите, со цел полесно да ги убедат да нарачаат производи и да дадат пари за тоа. Но, нарачаните производи никогаш не биле изработени и доставени. На тој начин К.Б. се стекнал со имотна корист од 153.750 денари, оштетувајќи петмина.

Треба да знаете
Последни објави