Search

Каевски ја префрла вината на печатницата откако жири комисијата се огради

Каевски ја префрла вината на печатницата откако жири комисијата се огради

Директорот, Дарко Каевски, ја префрла вината на печатницата „Арс ламина“ која била ангажирана да го испечати тиражот од 5.000 примероци на контроверзната книга „Млади поети“, каде се најдоа песни со шовинистичка содржина и говор на омраза, во авторство на Александар Блажевски. Откако се огради жири комисијата, Каевски вели дека се чешлаат процедурите и се утврдува одговорноста. Посочува дека никој во АМС не ја вршел селекцијата.

-Ние не треба да бидеме издавачи. Сега и тоа го чешламе. „Арс ламина“ треба да биде издавач и уредник. Не ние како АМС. Без никакво одобрение не ставаат нас како уредници и издавачи. Јас ниту сум се потпишал, ниту сум одобрил – вели Каевски за „Фокус“.

Спорно само по себе е тоа што изгледа дека никој во Агенцијата не ги ни прочитал песните пред да бидат објавени. На прашање дали требало сепак некој да изврши контрола пред стиховите да излезат од печат, Каевски вели.

-Требало, можеби, да, но тоа е работа на Комисијата – додава директорот.

 

Извор: Фокус 

Треба да знаете
Последни објави