Search

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ се враќаат во Собранието

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ се враќаат во Собранието

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва одлучи пратениците да се вратат во Собранието, потврди претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Веднаш по враќањето во Собранието, ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за работата на Владата.

„Оваа владата е најнеспособна од независноста на Македонија. Криминалот и корупцијата станаа заштитен белег на оваа Влада и мора да си одат. На надворешен план водат штетна политика без резултати, а на внатрешен план – политика без концепт и сериозна идеја“ рече Мицкоски.

Мицкоски потврди дека при крај се преговорите со СДСМ за реформските закони и биле прифатени нивните забелешки. За договорот да биде спроведен, како што е усогласен ВМРО ДПМНЕ ќе бара писмена гаранција и ќе ја следи имплементацијата на овие закони со активно учество во Собранието.

ВМРО ДПМНЕ ја напушти работата на Собранието, откако шест нивни пратеници беа приведени поради настаните од 27 април.

Со одлука на Врховниот суд, од притвор беа пуштени и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Тие се во домашен притвор. Во домашен притвор е и пратеникот Љубен Арнаудов. Другите пратеници можат да се вратат во работата на Собранието – за Жаклина Пешевска, обвинителството ја прекина постапката, а на Јохан Трчуловски и Љупчо Димовски им се одредени мерки на претпазливост.

Треба да знаете
Последни објави