Search

Трагедија: Уште еден млад живот згасна на македонските патишта

Трагедија: Уште еден млад живот згасна на македонските патишта

На 30.03.2018 година околу 14:00 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај клучката за с.Црнилиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Темса опалин“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц. (64) од Велес и патничко моторно возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друштво за транспортни услуги од Скопје.

Возилото било управувано од И.А. (29) од Скопје кој починал.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица-Свети Николе.

Сообраќајот на патниот правец Велес – Штип бил во прекин до 16.30 часот, а потоа се одвивал наизменично до 18.50 часот, по што е целосно нормализиран.

Треба да знаете
Последни објави