Search

Сугарески: Автопатот Неготино – Демир Капија ќе биде готов до јуни

Сугарески: Автопатот Неготино – Демир Капија ќе биде готов до јуни

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, извши увид во рехабилитацијата на автопатот Неготино – Демир Капија. Станува збор за проект со вредност од 5 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Сугарески рече дека се работи за целосна реконструкција на оваа автопатска делница во двата правци и тоа Неготино –Демир Капија и обратно и според планираното очекува комплетно автопатот да биде завршен ова лето.

„Сакам да истакнам дека со завршувањето и на оваа делница ќе имаме комплетно реконструиран автопат на Коридор 10. Ова го велам бидејќи автопатот од Куманово до Миладиновци е веќе реконструиран во двата правци, потоа се рехабилитираше оштетената возна лента на делницата Велес – Градско, следниот месец ќе ја пуштиме во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица и рехабилитацијата на делниците Смоквица – Гевгелија и од Гевгелија до граничниот премин Богородица е завршена и овие патни правци се веќе пуштени во употреба“, рече министерот.

Треба да знаете
Последни објави