Search

Пуштена во употреба новата зграда на Кривичен суд во Скопје

Пуштена во употреба новата зграда на Кривичен суд во Скопје

Новата зграда на Кривичен суд располага со 25 нови судници, преку 100 канцеларии, подземна гража и современ систем за надзор и компјутерска техника. Од денеска е ставена во употреба, иако таа беше завршена многу порано, пред десетина месеци.

Претседателот на Основен суд Скопје 1,рече  дека покрај бројните критики за надворешниот изглед на зградата, тој сепак е убеден дека како кај човекот, така икај се другото , убавината доаѓа од внатре.

Тој се повика на над 350 вработени во Кривичниот суд, кои, како што рече, ќе ја направат оваа институции респектабилна.

Претседателот на Основен суд Скопје 1,Иван Ѓолев, , смета дека сега се создадени задоволителни технички услови и сместувачки капацитети, за беспрекорно функционирање на Кривичниот суд.

Треба да знаете
Последни објави