Search

„27 април“, Нинџа и останатите двајца бегалци се кријат во Македонија

„27 април“, Нинџа и останатите двајца бегалци се кријат во Македонија

Александар Василевски – Нинџа, Младен Додевски и Дејан Давидовски се кријат во Македонија. Алсат М неофицијално дознава дека иако по нив е распишана меѓународна потерница за крвавиот упад во Собранието на 27 април, тие не ја преминале границата. Доцна синоќа, сам во затворот во Шутка се пријави Никола Митревски – Кољо кој заедно со останатите тројца беше недостапен за полицијата. Од МВР пак посочуваат дека преземаат мерки, за да ги пронајадат и останатите. Обвинителството ја прекина постапката за овие четири лица зашто се во бегство, но во обвинението е наведено дека бегалецот Александар Василевски – Нинџа добил повик од обезбедувач на Никола Груевски. Телефонскиот контакт бил од Австрија каде екс-шефот на ВМРО-ДПМНЕ беше на 27 април. По разговорот Нинџа мобилизирал 68 лица кои добиле и фантомки за да се заштитат од препознавање.

По вчерашната одлука на Кривичен во притвор да ги врати Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, Митко Пешов и Оливер Поповски, на адреса на скопска единица пристигнале шест жалби поврзани со вчерашните одлуки за притвор и куќен притвор.

Адвокатите на пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО – ДПМНЕ кој остана во домашен притвор објаснија дека се координираат и дополнително ќе кажат дали воопшто ќе се жалат на мерката со оглед на тоа што Мукоски помина пет месеци во Шутка. Дома останува и неговиот колега Сашо Василевски додека за Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски остануваат мерките на претпазливост.

Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два дена го поднесе обвинението до Кривичен за настаните на 27 април. Гони 30 лица за тероризам. Обвинението е на оценка во скопска единици каде треба да се одлучи дали ќе биде прифатено или не. Во некои случаи оваа постапка траела и до неколку месеци.

Извор: Алсат

Треба да знаете
Последни објави