Осум места во светот на кои е забрането фотографирањето

Ако одлучите да фотографирате на некое од овие места, можеби ќе бидете парично казнeти или дури ќе завршите зад решетки.

 

На некои други места веројатно ќе поминете само со навреди, но во секој случај потрудете се да не го вадите фото-апаратот кога ќе ги посетите.

Амстердам

Во овој град во Холандија е грев да се фотографира во познатата улица во центарот на градот, која е најпозната по многубројните бордели. Нивните сопственици мразат сликање на проститутките во излогот, па така, ако се одлучите за фотографирање, а некој случајно ве фати, бидете подготвени да ви го уништи фото-апаратот, а во полош случај, можеби и да ве нападне.

Јужна Кореја

Ова е земја во која „папараците“ се потполно поинакви, во однос на тоа дека е забрането да се фотографираат жени (во било кој јавен простор), без тие да прифатат. Кршењето на ова правило овде може да биде сфатено како сексуално агресивно однесување, па може да резултира со парична казна до 7.000 евра. Во најлоша варијанта, можете да бидете казнети и со затворска казна во траење од пет години.

САД

Во земјата на „храбрите и слободните“ нема да поминете како во Јужна Кореја, Сепак, Американците се најчувствителни на фотографирање на приватна сопственост (првенствено се мисли на недвижности), така што би било добро да добиете дозвола од сопственикот пред да се одлучите на тоа. Најважно од се е да ги почитувате знаците на забрана.

Обединетите Арапски Емирати

Сликањето на забранети работи ќе ве смести во затвор до три месеци, а притоа ќе платите и парична казна од 1.500 евра. На многу локации е забрането да се употребуваат камери, а покрај тоа немојте ниту да помислите да сликате згради на владата, мостови и палати на шеиците. Забраната за сликање на палати е дури пропишана и со закон.

Северна Кореја

Многу едноставно – без дозволи забрането е сликање на апсолутно се. Сепак, ако сте се одлучиле да ја посетите Северна од двете Кореи, бидете подготвени да ги почитувате правилата. Од хотелот не излегувајте без водич и не сликајте без негова дозвола, бидејќи во спротивно би можеле да се соочите со многу незгодни санкции.

Англија

Ако сакате да фотографирате за свое лично задоволство тогаш е во ред, но ако сакате било каква фотографија во комерцијални цели, тогаш за тоа ќе мора да добиете посебна дозвола. На пример, плоштадот Трафалгар и Парламентот за комерцијални цели, можете да ги фотографирате единствено со дозвола добиена од лондонскиот градоначалник.

Јапонија

Во Јапонија е забрането фотографирање на одредени храмови и статуи од Буда. Во некои делови забраната важи само за одреден дел од годината, додека во другите забраната е перманентна, поради тоа, читајте натписи и не влегувајте во неволји.

Алжир

Прилично конзервативна земја, посебно нејзиниот јужен ден. Можете да фотографирате единствено со дозвола, додека за фотографирање на жени морате да побарате дозвола од нивните мажи или татковци. Исто така, најстрого забрането е сликање на мостови и воени објекти.

Треба да знаете
Последни објави