Search

Могерини разговарала со Вучиќ и Тачи, го осудувам инцидентот на Косово

Могерини разговарала со Вучиќ и Тачи, го осудувам инцидентот на Косово

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, синоќа соопшти дека разговарала телефонски со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот претседател Хашим Тачи. Го осудувам тоа што се случи на Косово. Ѓуриќ сега е слободен и се враќа. Потребно е смирување на ситуацијата и сочувување на дијалогот, напиша Могерини на Твитер.

mogerini.png

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека инцидентот што се случи во Косово е брутална провокација, акт на лудило и најтежок кривичен акт, кој приштинските власти го спровеле во Косово. По седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека оваа акција од страна на властите во Приштина очигледно била поддржана од некои земји. Тој истакна дека Србија ги испочитувала сите процедури, како и дека надлежните институции на Косово биле навреме информирани за посетата на Марко Ѓуриќ и Никола Селаковиќ.

Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека косовската полиција дејствувала во согласност со законите и овластувањата при апсењето на Марко Ѓуриќ. Тој ги повика жителите на Косово на смиреност и рече дека Ѓуриќ нелегално влегол во Косово. Овој случај не треба да ја попречува комуникацијата меѓу Косово и Србија, дијалогот меѓу двете земји и напорите за нормализација, добрососедските односи и помирувањето меѓу двата народа, изјави Тачи.

 

Треба да знаете
Последни објави