Search

Имиња на функционери кој се шпекулира дека ке бидат сменети со реконструкцијата на Владата

Имиња на функционери кој се шпекулира дека ке бидат сменети со реконструкцијата на Владата

Реконструкцијата на Владата се дискутира меѓу коалициските партнери, но се уште нема конкретна одлука за поделба на министерствата.

Министрите Драган Тевдовски, Роберт Поповски, Роберт Алаѓозовски, како и Драган Миновски – директор на АД Елем, Ѓоко Танаскоски, директор на Царинска управа, Зоран Китанов од ЈП „Државни патишта“, Зоран Ѓорѓиев од „Македонски шуми“ и Алајдин Хавзиу од Трудовиот инспекторат, се имињата за кои се шпекулира дека ќе ги „фати“ најавената реконструкција и најверојатно ќе заминат од извршната власт. Според според неофицијалните информации, во друг ресор може да ротираат министерката за образование и наука Рената Десковска како и Мила Царовска од ресорот труд и социјала.

За министерот за еконoмија Крешник Бектеши се шпекулира дека е следниот што ќе си поднесе оставка. Неофицијално министерите за кои се шпекулира дека ќе бидат разрешени или, пак, ќе бидат префрлени во нов ресор, досега не добиле таква информација, a како што неофицијално велат, шпекулациите ги слушаат подолго време.

Треба да знаете
Последни објави