Search

Ако нема одлука за екстрадиција, на Грујевски и Бошкоски ќе им се суди во отсуство

Одложено судењето за масовното прислушување, под кодно име „Таргет-Тврдина“. Судијката му рече на адвокатот Петар Василев за 15 дена да обезбеди полномошно за обвинетите, во спротивно судот ќе им обезбеди адвокат по службена должност.

Началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, сè уште не се екстрадирани. Освен нив, обвинети во случајот се и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски.

Следното рочиште е закажано за 15 мај.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена пред две години, а за предметот „Таргет“ во ноември 2016 година, па поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато во јуни 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Треба да знаете
Последни објави