Search

Косово го ослободи Марко Ѓуриќ

Косово го ослободи Марко Ѓуриќ

Специјалната единица на косовската полиција попладнево во Косовска Митровица го уапси директорот на српската канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ.

Тој потоа беше пренесен во Приштина да даде изјава пред судија за прекршоци, по што беше донесена одлука за депортација. Ѓуриќ беше предаден на српската полиција на граничниот премин „Мердаре“.

Косовските власти соопштија дека против Ѓуриќ било интервенирано по налог за забрана за влез во земјата.

Ѓуриќ беше уапсен додека имаше средба со политичките претставници на српската заедница во Косово и притоа полицијата употреби шок бомби да ги растера насобраните граѓани кои се обидоа да ги спречат полицајците да влезат во објектот.

Претседателот на Косово Хашим Тачи соопшти дека ослободен е Марко Ѓуриќ, кој е главен преговарач на Србија во разговорите со Косово, што се спроведуваат со посредство на ЕУ.

Според Тачи, полицијата го придружувала Ѓуриќ до граничен пункт меѓу Косово и Србија.

-Тој случај не треба да ја нарушува комуникацијата меѓу Косово и Србија, напорите за нормализација и помирувањето меѓу Косово и Србија, изјави Тачи.

Треба да знаете
Последни објави