Search

Коѕијас му реферирал на Ципрас – има напредок во преговорите за името

Коѕијас му реферирал на Ципрас – има напредок во преговорите за името

Грчкиот министер за надворешни работи Козијас на средба во премиерската палата го информирал Ципрас за посетата на Скопје и текот на преговиртие , објавија медиумите во Грција. Средбата не била најавена од владиниот кабинет, ниту од грчкото МНР, а немало ниту официјално соопштение по завршувањето на состанокот. Во мегувреме, настапот на Ципрас на прес конференцијата во Брисел, каде тој како веројтано решение го спомена името Горна Македонија, лрена голема прашина во Атина. Вчера на изјавата му забележаа од опзоиционата Нова ДЕмократија, а денеска го искритикуваа и неговите колаициони партнери.

Не знам што му требаше тоа. Мене неговата изјава ми изгледаше како официјална позиција. Друго ќе беше името да го споменав јас или некој друг од власта, вака се доби впечаток дека се работи за службен став, изјави за Скај Димитрис Каменос, пратеник од партијата Независни Грци. Според него, шансите за вакво решение се мали. Дури и на Заев не му се допаднал овој предлог, тврди Каменос, додавајки дека Скопје не сака да го прифати главниот предуслов за надминување на спорот, а тоа е промена на уставот.

Весникот Катимерини ја актуелизираше анкетата на грчкиот институт Дианеосис направена во перидот од 16 јануари до 5 февруари , според која 70 проценти од Грците не се согласуваат со име во кое би бил вклучен терминот Македонија, а 27 отсто рекле дека би прифатиле таков договор.

Во второто истражување, објавено во Проттема анкетираните требале да одговорат и на тоа дали „Владата треба да го прифати терминот „Македонија“ во новото име на Скопје или не?“

Негативно одговориле 74,5 проценти, позитивно 21,8 отсто, а останатите 3,7 проценти рекле дека не знаат или не сакаат да одговорат.

Анализирајќи ги резултатите, весникот коментира дека треба да се забележи дека против компромис со терминот Македонија се 63,5 отсто од гласачите на владејачката СИРИЗА.

Највисок процент на оние што не сакаат компромис, среќаваме во областите Македонија и Тракија (80,5 проценти), на возраст меѓу 35-54 години (79,7 отсто) и кај жените (76 проценти), пишува весникот „Прото тема“, анализирајќи ги резултатите.

Треба да знаете
Последни објави