Search

СДСМ: Се решава долгогодишниот проблем на граѓаните без лични документи

Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика и заедно со надлежните државни институции почнува системски и трајно да го решава проблемот на лицата кои не се евидентирани во матичната книга на родени и не поседуваат извод на родени.

„Процесот на решавање на проблемот на лицата без лични документи ќе се спроведува во неколку фази, а по неговото целосно спроведување трајно ќе се реши проблемот на околу 3.000 лица кои не се евидентирани во матичната книга на родени.

Во таа насока, веќе денеска се отвора огласот за пријавување лица кои не се евидентирани во матичната книга на родени, којшто ќе трае шест месеци и се однесува на сите лица кои се на територија на Република Македонија.

Во текот на тој шестмесечен период, паралелно ќе се прават и измени на Законите за вонпарнична постапка, Законот за матична евиденција и Законот за лични карти, живеалиште и престојувалиште, а истовремено ќе се подготват и обучат матичните служби, центрите за социјална работа и граѓанските организации кои го поддржуваат овој процес, со цел да им се обезбеди навремена и ефикасна услуга на засегнатите граѓани.

По завршување на сите фази од процесот ќе се утврди точната бројка на лицата кои не се евидентирани во матичната книга на родени и тие ќе добијат привремен регистарски број со кој ќе добијат одредени права во делот на образованието и здравствената и социјална заштита.

Со ова трајно се решава долгогодишниот проблем со кој се соочуват овие граѓани. Во Македонија повеќе нема да има ниту едно лице кое останало неевидентирано во матичната книга на родени“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави