Search

СДСМ: Иванов да не се става себеси над Уставот, има должност да потпише

ВМРО-ДПМНЕ треба да смогне сили и да ги надмине политиките на лицемерие и лажен патриотизам, затоа што целата јавност знае дека опозициската партија во надеж дека ќе формира влада, веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, реагираат денеска од СДСМ во однос на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски.

„Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 донесени во 2001 година и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници што е во согласност со концептот на едно општество. Ѓорге Иванов е должен да постапува според Уставот и членот 75 од Уставот и е должен да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците“, се вели во соопштението на владејачката партија.

Оттаму додаваат дека ниту Иванов, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се над Уставот и нема да успеат да внесат нови поделби во општеството, бидејќи, како што велат, Македонија избра да оди напред како едно општество за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави