Search

Од ФБ конечно признаваат дека се крадени лични податоци од профилите

Од ФБ конечно признаваат дека се крадени лични податоци од профилите

Закерберг во прилично долгиот пост на Фејсбук напиша дека се случило „прекршување на довербата“ меѓу креаторот на апликацијата Александар Коган, фирмата Кембриџ аналитик и Фејсбук.

Но, тој додаде и дека се случило кршење на довербата меѓу Фејсбук и „луѓето што ги споделиле нивните податоци со социјалната мрежа“.

„Јас го почнав Фејсбук и на крајот на денот јас сум одговорен за она што се случува на нашата платформа“, напиша тој.

Најави и конкретни мерки. За почеток, како што вети, ќе ги истражи сите апликации кои имале пристап до големо количество информации од моментот кога во 2014 платформата беше сменета за поприлично да се ограничи пристапот до информациите на корисниците.

Во иднина, според Закерберг, дополнително ќе се ограничи пристапот до корисничките информации за да не се случуваат вакви нешта.

Треба да знаете
Последни објави