Search

Коѕијас пристигна на аеродромот во Скопје

Коѕијас пристигна на аеродромот во Скопје

Никос Коѕијас пристигна во Скопје. По повеќе од една деценија, авион со грчки национални ознаки слета на Меѓународниот аеродром Скопје. Коѕијас во земјава пристигна со 15 медиумски екипи и десетина советници што досега претставува најбројна грчка делегација од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Шефот на грчката дипломатија по пречекот со силно полициско присуство, се упати кон центарот на Скопје, кон хотелот Мериот каде е сместен, а откако пристигне на беше расположен да одговара на новинарски прашања.

Коѕијас пред хотелот го пречекаа и група на демонстранти кои го скандираа името на државата и пееа патриотски песни.

Еден час по пристигнувањето и откако се разотидоа демонстрантите, шефот на грчката замина на работна вечера со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како подготовка за маратонските средби и преговори со државниот врв и опозицијата.

Двајцата министри за надворешни работи, Димиров и Коѕијас по дводневната посета, предвидено е да имаат и нова средба на крајот на месецот во Виена на која ќе биде и посредникот во разговорите Метју Нимиц.

Треба да знаете
Последни објави