Search

60 шлепери осум часа заглавени кај Деве Баир поради снегот

60 шлепери осум часа заглавени кај Деве Баир поради снегот

Шеесет шлепери веќе осум часа се заглавени на граничниот премин Ѓуешево, кој не е исчистен од снегот.

Тие веројатно таму ќе останат цела ноќ, поради новите снежни врнежи. Возачите на шлеперите апелираат до надлежните да помогнат во решавањето на проблемот.

Возилата упатени од Македонија кон Бугарија поминуваат непречено.

Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија, а и вечерва паѓа низ целата земја.

Треба да знаете
Последни објави