Search

Волф: И Мерцедес би гласал за паралелна серија!

Пред почетокот на новата сезона во Формула 1, шефот на Мерцедес, Тото Волф, упати вистинска бомба кон новите сопственици од „Либерти медија“ најавувајќи дека има реални можности за паралелна тркачка серија на Ф1 по крајот на 2020 по острите најави на Ферари дека ќе си замине од спортот.

Времето на коментарите на Волф доаѓа пред втората сезона на „Либерти медија“ во контрола на спортот и со голема неизвесност што ќе се случи по крајот на договорот со тимовите. Страните се избрани – на едната страна е Ферари, предводен од претседателот Серџо Маркионе, а од другата страна „Либерти медија“ со Чејс Кери и дел од тимовите. Мерцедес јасно го кажа својот избор.

„Перспективата дека по 2020 ќе правиме нешто друго, е реална и може да се случи ако немаме заедничка визија. Маркионе има јасна визија што Формула 1 претставува за Ферари – се работи за пуристички спорт кој не е шопинг-канал. Би ги охрабрил сите акционери во Формула 1 да не се обидуваат да го провоцираат. Јас се согласувам со повеќето работи што Серџо ги кажува бидејќи Ф1 мора да ја задржи својата ДНК – секој спорт мора да биде близок до своите корени. Затоа, не шегувајте се со Серџо Маркионе. На Формула 1 ѝ е потребно Ферари многу повеќе отколку што на Ферари му е потребна Ф1“, изјави Волф во интервју за „Прес асосиешјн“.

Ова не е првпат амбициите на Ферари и на Мерцедес да се поклопат, а неодамна шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер, изјави дека понекогаш двата тима изгледаат како еден. Како и да е, шефовите на Ф1 секако внимаваат на овие изјави.

Треба да знаете
Последни објави