Search

Министрите на Г-20 повикуваат на понатамошен трговски дијалог

Светските финансиски лидери ја потврдија својата посветеност за борба против протекционизмот, но повикаат за понатамошен дијалог и активности во областа на трговијата само неколку дена пред да влезат во сила царините во САД за увоз на челик и алуминиум и откако претседателот Доналд Трамп изјави дека ги разгледува санкциите против Кина, објави „Ројтерс“.

„Меѓународната трговија и инвестициите се важни мотори на раст, продуктивноста, иновациите, создавањето на работни места и развојот“, велат уште од „Г20“ за време на нивниот состанок во Буенос Аирес. Групата објасни дека работи за зајакнување на придонесот на трговијата кон секоја од економиите кои ги претставуваат.

Многу од официјалните лица на средбата на „Г20“ се обидуваа да го задржат „јазикот“ од завршната декларација на самитот во Хамбург минатата година, која беше потпишана и од Трамп и во која се вели дека земјите од „Г20“ ќе продолжат да се борат против протекционизмот, вклучувајќи ги и сите нефер комерцијални практики.

Според соопштението од Хамбург лидерите од „Г20“ ја признаваат улогата на легитимните инструменти за заштита на трговијата. Царините врз челикот и алуминиумот на Трамп сепак произлегуваат од законите за национална безбедност во ерата на Студената војна, посочуваат агенциите.

Всушност преку оваа внимателна реторика земјите од „Г-20“ се обидуваат да избегнат отворен конфликт меѓу САД и другите членки на групата поради протекционистички мерки.

Мнозинството од министрите за финансии се согласија дека најголемото стравување е ескалацијата на трговските конфликти, посочи Ахим Штајнер од Програмата на ОН за развој, цитиран од светските агенции.

Земји како Германија, Франција, Аргентина и Бразил изразиле загриженост од засилувањето на протекционизмот во САД.

„Важно е постојано да испраќаме сигнал против протекционистичките тенденции“, рече германскиот министер за финансии Олаф Шолц

Во завршното коминике министрите од Г20 ги повторија традиционалните ветувања дека ќе се воздржат од девалвација на валутите и ќе го избегнуваат користењето на девизните курсеви за правење на конкурентска предност во однос на извозот.

„Стабилни политики и одржливиот меѓународен монетарна систем се од суштинско значење за стабилноста на девизните курсеви кои придонесуваат и за силен и одржлив раст и инвестиции“, се вели во соопштението на „Г20“.

Од Г20 повикаат и за продолжување на меѓународниот мониторинг врз криптовалутите како биткоинот, како и на ризиците кои произлегуваат од нив. Според светската финансиска елита овие средства покренуваат прашања поврзани со заштитата на потрошувачите и инвеститорите, перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Треба да знаете
Последни објави