Search

Кој функционер во Владата на Заев направил најмногу трошоци

Кој функционер во Владата на Заев направил најмногу трошоци

Владата во првите шест месеци од своето владеење потрошила 21 милион денари или повеќе од 344. 000 евра. Оваа сума, според министерот без ресор, Роберт Поповски, е двојно помала од парите што ги потрошила владата на Груевски во висина од речиси 700 илјади евра.

Министрите во новиот кабинет предводен од Заев, според податоците објавени на сајтот на Владата, најмногу пари потрошиле во ресторани или во мензи што се сместени во институциите каде што работат.

Според податоците на владиниот сајт http://vlada.mk/otchetnost-troshoci, највисоки трошоци во првите шест месеци, пријавил премиерот Зоран Заев, во висина од 50 илјади евра. Половина од нив или 25 илјади евра се трошоци во ресторани или бифеа, помала е сумата за авионски карти и за хотелско сместување. Заев потрошил и помалку од 3 илјади евра за подароци за странски делегации.

За ресторани, министрите на ДУИ кои намногу имаат потрошено се следниве: министерот за економија Крешник Бектеши има потрошено во ресторани вкупно 14.000 евра, инистерот за правда кој даде оставка, Биљал Салими- 12. ооо евра за ресторани, министерот за животна средина Садула Дураку- 8.300 евра за ресторани.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој пријавил 27 илјади евра трошоци, 11 илјади евра потрошил во ресторани.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров потрошил околу 26 илјади евра – за авионски карти биле платени 16 илјади евра, а за хотелско сместување 3 илјади евра. За ресторани и мензи во институциите- скоро 2. 400 евра. Угостителски услуги во странство- 1.500 евра, а за услуги во надворешни угостителски објекти- 1.300 евра.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски , пријавил дека половина од сумата на трошоци- 16 илјади евра направени за шест месеци, од тоа сметки во ресторани и мензи во институциите- 7 илјади евра, во надворешни ресторани- 880 евра и 1.200 евра во странски ресторани.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев направил службени трошоци во висина од 15 илјади евра – 10 илјади евра биле за авионски карти и за хотели. За ресторани и мензи во институциите-5.000 евра, во странство потрошил 930 евра за ресторани, а еднакво како Шеќеринска, има нула денари за надворешни угостителски објекти.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, за шест месеци потрошил 11.300 евра- од нив 6.600 евра за ресторани во институциите, 570 евра за надворешни ресторани а скоро 300 евра за ресторани во странство- вкупно за ресторани 7.470 евра.

Генералниот секретар Драги Рашковски пријавил трошоци во висина од 11.000 илјади евра – половина од нив односно 5 илјади евра се сметки во ресторани и мензи во институциите, во други, надворешни ресторани- скоро 1.150 евра, во странство 550 евра. За авион- 2.500 евра, за хотелско сместување во странство- 1.800 евра.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска има 7.300 евра вкупни трошоци: 3.400 евра за ресторани и мензи во институциите, но нула денари во надворешни угостителски објекти. Во странски ресторани има потрошени 570 евра.

Мила Царовска – министерката за труд, има вкупно трошоци 6.400 евра, од кои 3.600 за ресторани во институциите.

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни има нула денари за ресторани во странство и за мобилен телефон, потрошил 117 евра во ресторани во институциите, а во надворешни ресторани- 370 евра.

Најмалку пари во првите шест месеци потрошиле министерот за транспарентост, Роберт Поповски – само 350 евра и министерот за транспорт, Горан Сугаревски – 1,500 евра. Сугаревски потрошил само 1.351 денар за ресторани во институциите и скоро 500 евра за надворешни ресторани.

На сајтот на Владата, освен за министрите, обајвени се и трошоците што ги направиле замениците министри и државните секретари. Сите тие ќе имаат обврска на секои шест месеци да доставуваат податоците за тоа каде потрошиле дел од парите на граѓаните.

„ Целта на оваа алатка е да ги држи трошоците на јавните функционери на најниско ниво и да алармира доколку се јават отстапки во трошењата на јавните средства. Оваа одлука се однесува на 60-тина фунционери од извршната власт, кои во оваа прва фаза имаат обврска своите трошења да ги изложат пред очите на јавноста.

Намерата е трошоците да се намалуваат и да се сведат само на продуктивни трошоци, неопходни за непречено спроведување на работните активности на функционерите и институциите – рече министерот без ресор задолжен за комуникација, отчетност и транспарентост Роберт Поповски .

Поповски најави дека во следната фаза, јавно ќе бидат објавени службените трошоци и на други државни службеници и раководители на органи на државната управа.

Треба да знаете
Последни објави