Search

Груевски: Не може СЈО да отвори толку истраги колку што Заев може да направи глупости

Груевски: Не може СЈО да отвори толку истраги колку што Заев може да направи глупости

Специјалното јавно обвинителство не може да отвори толку многу истраги и да одржи толку прес-конференции колку што Заев може да направи глупости оти тој е многу подинамичен од нив и СЈО се труди, но не може да постигне да ги покрие неговите глупости, изјави денес поранешниот премиер, Никола Груевски. Според Груевски денешните прес-конференции на СЈО се со цел да се дефокусира јавноста од случувањата во земјава.

„Од она што сум информиран има две нови истраги кои ги отвори СЈО и не сум изненаден. После моите реакции во средата, не знаев дали за три дена, за пет или за седум дена ќе дојде ова што дојде. И еве го дојде за седум дена, ако можам добро да пресметам, така што ништо не ме изненади. Првата отворена истрага е за попис и нема да ме изненади ако следната отворена истрага биде затоа што некаде сум ручал, па сме станале на сред ручек и сме му направиле штета на Буџетот со тоа што сме го платиле целото јадење. Во спроведувањето на пописот имаше Државна комисија која си ја работеше својата работа и цврсто верувам дека тоа го правеше одговорно и професионално. Сите и во политиката и граѓаните следевме што се случува и бевме загрижени да не има некакви проблеми, но одлуките си ги носеа тие. Ние само можевме да следиме. Ова го сметам како обид на СЈО да го дефокусира вниманието на јавноста од она што се случува во земјата. Не можат СЈО да одржат толку прес-конференции и да отворат толку истраги колку што Заев може да направи глупости. Заев е многу побрз, подинамичен и почесто ги прави глупостите отколку што тие можат да одржат прес-конференции со цел да ги затскријат неговите глупости и грешки што секојдневно ги прави. Тие се трудат, но не можат да постигнат оти тоа се случува секој ден”, изјави Груевски.

Поранешниот премиер во изјавата додава дека во поддршка на СЈО се вклучуваат и други институции да му помогнат со дефокусирање, од сето ова што се случува тргнувајќи од летото кога СДСМ го потпиша, како што вели Груевски, штетниот договор со Бугарија, па неуставниот закон за употреба на јазиците и начинот на кој што влегоа во преговорите со името.

 
Треба да знаете
Последни објави