Search

Денес ново рочиште за набавката на луксузниот мерцедес на Груевски

Денес ново рочиште за набавката на луксузниот мерцедес на Груевски

За денес во Основниот суд Скопје 1 е закажано ново рочиште за случајот со набавката на луксузниот мерцедес во кој им се суди на поранешниот премиер, Никола Груевски, на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и на поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

На минатото рочиште во судница се сослушуваа сведоци на Специјалното јавно обвинителство. 

Според СЈО, Груевски како премиер побарал од Јанкуловска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило. За ова, според СЈО, се фаворизирала фирмата Мак Аутостар. За да го исполни барањето Јанкуловска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на владата, но според СЈО, било набавено оти Груевски сакал да се води во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.

Груевски пред судот праша како може некој да биде обвинет за сакање, како што тој е обвинет оти сакал да се вози во мерцедес. На едно од рочиштата тој во судница праша и во какво возило треба да возат лица кои се под висок ризик.

Сите тројца обвинети во овој предмет рекоа дека не се виновни за кривичните дела за кои ги гони СЈО.

Треба да знаете
Последни објави