Search

ШТО НАЈМНОГУ НЕ ИНТЕРЕСИРА ЗА ПУТИН: НАЈЧЕСТИ И НАЈНЕОБИЧНИ ПРАШАЊА

По изборите во неделата, Владимир Путин ќе остане на функцијата претседател на Русија до 2024 година. Иако за него се знае многу, луѓето сепак ги интересираат и други работи во врска со рускиот претседател.

Поради тоа Би-Би-Си направи мал експеримент во желба да дознае што луѓето ширум светот најмногу ги интересирало за Путин.

Пишувајќи прашања на Гугл, пребарувачот по првите зборови автоматски давал дополнителни предлози на кои Би-Би-Си дава одговори.

Дали Владимир Путин е женет?

Путин во 2013 година се разведе од Људмила со која беше во брак 30 години. Последните неколку месеци пред разводот тие ретко се појавуваа заедно во јавноста.

Имаше гласини дека рускиот претседател има љубовна врска со гимнастичарката Алина Кабаева, но никогаш не беше дадена потврда дали овие гласини се точни.

Дали Владимир Путин е леворак?

Не. Што докажуваат и фотографиите на кои се потпишува на разни документи.

Дали Владимир Путин е богат?

Официјално неговата плата изнесува 112.000 долари годишно. Меѓутоа, според некои наводи, вистинското богатство на Путин се крие со години.

Во еден документ на ЦИА од 2007 година се наведува дека личното богатство на Путин изнесува 40 милијарди долари. Еден аналитичар и критичар на Доналд Трамп во 2012 година тврдеше дека богатството на Путин би можело да изнесува 70 милијарди долари, со што тој би бил најбогат човек во светот.

Дали Владимир Путин е мртов?

Вчерашните избори потврдуваат дека е жив. Оваа тема беше актуелна во 2015 година кога тој 10 дена не се појави во јавноста. Тогаш се шпекулираа многу работи, но кога се појави во јавноста изјави дека животот без трачеви би бил здодевен.

Зошто Владимир Путин се смее?

По ова тој не се разликува од останатите луѓе. Кога сте среќни, телото произведува ендорфини, невролошки сигнали што се испраќаат до мускулите на лицето и формираат насмевка.

Зошто Владимир Путин сака да ја нападне Украина?

Официјално руските сили никогаш не навлегоа во источна Украина во 2014 година, по анексијата на Крим.

Зошто Владимир Путин ја поддржува Сирија?

Сирија е стратегиски многу важна за Русија, која во оваа земја има две воени бази. Владата на сирискиот претседател Башер Асад е клучен сојузник на Русија.

Кога во 2011 година започна војната во Сирија, Русија го поддржа Асад, но не се вклучи во конфликтот се до септември 2015 година.

Дали Владимир Путин има син?

Не, но има две ќерки – Екатерина и Марија. За нив се знае многу малку затоа што Путин никогаш не зборува за нив. Но, една анализа спроведена во 2015 година утврдила дека Екатерина и нејзиниот сопруг се исклучително богати.

Дали Владимир Путин зборува англиски јазик?

Да. Во неколку прилики тој зборувал англиски јазик доста течно. Неговиот портпарол Дмитриј Песков еднаш рече дека Путин дури и самиот ги поправа говорите, доколку не се правилно преведени на англиски јазик.

Дали Владимир Путин го сака Трамп?

Иако отворено се зборува за вмешаност на Русија во претседателските избори во САД, на ова прашање одговорот го знае само Путин.

Дали Владимир Путин го украл прстенот на Супер болот?

Иако ова прашање делува чудно, има причини зошто е поставено. Имено, сопственикот на „Њу Ингланд Патриотс“, Роберт Крафт, чиј тим во 2005 година го освои овој прстен, тврди дека му го украл рускиот претседател.

Крафт тврди дека во 2005 година со група американски бизнисмени се сретнал со Трамп во Санкт Петербург и му го покажал прстенот. Рускиот претседател наводно го ставил на прстот и изјавил дека со него може да убие некого. По ова, според Крафт, Путин го извадил од прстот и го ставил в џеб.

По ваквите обвинувања Путин изјави дека ќе нарача да се изработи нов прстен, ако тој има толкава вредност за Крафт и неговиот тим.

Треба да знаете
Последни објави