Search

Пушачите имаат поголем ризик за губење на слухот од непушачите

Пушачите имаат поголеми шанси за губење на слухот од непушачите, а ризикот расте со секоја дополнителна цигара која луѓето ќе ја испушат, покажува ново јапонско истражување, во кое учествувале 19,000 испитаници кои биле пушачи, 9,800 поранешни пушачи и 21,000 непушачи.

 

Научниците анализирале податоци од речиси 50.000 јапонски работници на старост од 20 до 64 години, кои на почетокот од истражувањето немале проблеми со слухот. На крајот на истражувањето, кое траело осум години, кај повеќе од 5,100 лица слухот ослабел.

Во споредба со непушачите, пушачите имале 60 отсто поголеми шанси за слабеење на слухот за високи фреквенции, поради што човечкиот глас тешко се препознава во услови на бучава.

Пушачите, исто така, имале 20 отсто поголеми шанси да го загубат слухот во подрачјето на ниски фреквенции, поради што не можат да регистрираат длабоки гласови.

„Колку повеќе некој пуши, толку е и поголем ризикот од губење на слухот“, изјави лидерот на истражувањето Хуанхуан Ху, од одделението за епидемиологија и превенција од националниот центар за здравје во Токио.

„Со прекинување со пушење речиси сигурно се отстранува дополнителниот ризик за губење на слухот, дури и меѓу оние кои неодамна прекинале да пушат“, вели Ху.

Поради тоа што ризикот од губење на слухот се зголемува со секоја испушена цигара, луѓето кои не можат да прекинат да пушат, би можеле да го намалат бројот на испушени цигари, колку што можат повеќе.

На почетокот од истражувањето, 19,000 испитаници биле пушачи, 9,800 поранешни пушачи и 21,000 непушачи.

Пушачите во ова истражување, покрај поголемиот ризик за оштетување на слухот, имале и поголеми шанси да страдаат од хронични здравствени проблеми како зголемен крвен притисок и дијабетес.

Треба да знаете
Последни објави