Search

Нападната турската амбасада во Данска

Најмалку две лица извршиле напад во понеделникот рано утрото врз турската амбасада во Копенхаген со молотови коктели, предизвикувајќи помала материјална штета на надворешниот дел од зградата, додека нема повредени.

Во време на нападот, зрадата на дипломатската мисија на Турција во Данска била празна.

Полицијата излегла на местото на нападот и го истражува инцидентот, а засега нема осомничени и упасени, изјавиле полициски функционери за Reuters.

Треба да знаете
Последни објави