Search

Ученичка заврши со скршено рамо, врз неа паднал прозорец додека била на час

Ученичка заврши со скршено рамо, врз неа паднал прозорец додека била на час

Единаесет годишно девојче е повредено додека била на час во основно училиште.

Нејзиниот татко случајот го пријавил вчера во полициската станица Карпош.

Имено, во четвртокот додека неговата 11- годишна ќерка била на час во основно училиште при обид од страна на наставничката да го отвори прозорецот од училницата, истиот се откачил и паднал врз неговата ќерка, која седела до прозорецот и притоа ја удрил во левото рамо.

По завршувањето на часовите, кога дошла дома се пожалила на болки во левото рамо и по прегледот во Градската општа болница “8-ми Септември“ констатирано и била скршеница на коска на рамото.

Треба да знаете
Последни објави