Search

Страшно невреме го зафати Охрид денеска

Страшно невреме го зафати Охрид денеска

Страшно невреме го зафати Охрид денеска, силниот ветар и огромните бранови од езерото носат сè пред себе.

Нивото на Охридското Езеро е над дозволениот максимален водостој уште од вчера, а силниот ветер денеска предизвика бранови повисоки и од два метри.

Поплавени се плажите, шеталиштето е под вода, како и кафе-баровите кои се наоѓаат на крајбрежјето.

По социјалните мрежи кружат видеа од кои може да се види хаосот кој го предизвикува невремето во Охрид.

Треба да знаете
Последни објави