Коѕијас добил писмо со куршум поради „македонското прашање“

Коѕијас добил писмо со куршум поради „македонското прашање“

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во пресрет на претстојната посета на Скопје, добил анонимно предупредувачко писмо со кушум, пишува денеска „Катимерини“.Во предупредувачкото писмото било наведено дека куршумот е поради неговата улога во тековните преговори за „македонското прашање“, пренесува МИА.

Писмото и куршумот се предадени во полиција за истрага и вештачење за да се открие испраќачот.

Слично заканувачко писмо со куршум поради „македонското прашање“, Коѕијас доби и во почетокот на февруари годинава.

Никос Коѕијас, според најавите од грчките медиуми, доаѓа во Скопје на 22 и 23 март на средба со шефот на македонската дипломатија Никол Димитров. Се очекува Коѕијас да пристигне со авион на преименуваниот Скопски аеродром и да ја донесе најавуваната грчка нацрт-спогодба за решавање на прашањето за името.

Треба да знаете
Последни објави