Search

Украдено пежо на скопјанец

Украдено пежо на скопјанец

Вчера 60-годишниот С.Б. во полициското одделение Петровец пријавил дека истиот ден во времето од 1.30 до 5 часот во село Петровец од страна на непознат сторител му било одземено патничко моторно возило пежо 406.

Сторителот откако дошол до возилото, влегол во незаклученото возило и со оригиналниот клуч кој стоел на бравата, го стартувал возилото и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 150.000 денари.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави