Search

Груевски: Џафери прв предизвика физички контакт

Груевски: Џафери прв предизвика физички контакт

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не се консултирал со парламентарната група ниту со раководството на партијата за неговото однесување во Собранието при гласањето на Законот за употреба на јазиците.

Од снимките се гледа дека Груевски стигнал подоцна на седницата, не се поздравил со никого и во два наврати се обидел да го спречи претседателот на законодавниот дом во својата работа. Воедно се гледа дека не добил поддршка од ниту еден друг член од опозициската партија.

И генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев вели дека не постоела никаква претходна координација.

Груевски исто така рече дека дејствувал на своја волја и дека тоа не било планирано, но не мисли дека треба да се извини. Напротив, тој тврди дека Талат Џафери треба да им се извини на Македонците, а особено на Албанците бидејќи како што рече, создава погрешна слика за нив.

Иако тој прв отиде на местото на претседателот на Собранието, рече дека немал намера да предизвика инцидент, туку дека тоа го направил Џафери.

Пред два дена, пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се обиде да го спречи гласањето за измените во Законот за употреба на јазиците.

Откако не успеа во намерата, замина сам од Собранието и не одговори на новинарските прашања која била неговата намера со ваквото однесување.

Треба да знаете
Последни објави