Search

Флорида: Четири лица починаa откако се сруши мост од 862 тони

Флорида: Четири лица починаa откако се сруши мост од 862 тони

Четири лица починаa и уште десет се повредени во рушење на мост во Флорида, во близина на Меѓународниот универзитет во Мајами, пренесуваат светските медиуми.

Спасувачите поминале цела ноќ барајќи ги жртвите, кои се заглавиле под срушените структури на мостот.

„Ова е голем инцидент. Ќе мораме да имаме спасувачи овде цела ноќ, ако не и подолго“, изјави шефот на Пожарникарната служба во Мајами.

Мост од 862 тони тежина и 53 метри висина се срушил синоќа на автопат, уништувајќи најмалку осум автомобили, соопшти полицијата.

Срушениот мост подигнат е само шест часа потоа, со помош на метода наречена „забрзана изградба на мост“.

Овој мост требало да им го олесни преминот на студентите преку прометните сообраќајници до кампусите, а бил поставен минатиот викенд.

Се уште нема информации околу тоа зошто се срушил.

 

https://www.youtube.com/watch?v=_48eGpXrSQg

 

Треба да знаете
Последни објави