Search

Три тони злато испаднаа од руски авион при полетување

Вратата на руски товарен авион „ан-12“ кој транспортирал благородни метали, случајно се отворила при полетувањето. Притоа, од леталото испаднале три тони злато.

 

Сè се случило при полетувањето на авионот од аеродромот Јакутск на крајниот исток на земјата, објави руската новинска агенција „Тас“, која наведува дека златото испаднало на пистата на аеродромот. Исто така, се тврди дека истрагата за овој инцидент е во тек.

Авионот „ан-12“ на авиокомпанијата „Нимбус” денеска требало да лета од Јакутск до Краснојарск со 9,3 тони злато и други благородни метали, според соопштението на Државниот истражен комитет.

Врз основа на првичните информации, пронајдени биле 172 златни прачки со вкупна тежина од 3,4 тони, објави Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека дел од товарот испаднал бидејќи вратата не била добро затворена.

Авионот слетал безбедно на аеродромот Маган, на 12 километри оддалеченост од Јакутск. Во леталото имало пет членови на екипажот, а никој не бил повреден.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат златни прачки расфрлени на пистата, објави АП.

Треба да знаете
Последни објави