Search

Замина генијалниот ум: Почина Стивен Хокинг

Замина генијалниот ум: Почина Стивен Хокинг

Светски познатиот физичар Стивен Хокинг почина 76 годишна возраст. Британецот, познат по своето дело за црните дупки и релативитетот починал мирно во својот дом во Кембриџ утрово, соопшти неговото семејство.

Хокинг беше познат и како „чудо на природата“, бидејќи успеал да ги побие сите лекарски предвидувања дека ќе има кус живот, откако на 22 годишна возраст му бил дијагностициран редок вид болест на невролошкиот систем.

Поради болеста тој во инвалидска количка и не можеше да зборува, освен преку синтетизатор на глас.

Професорот Хокинг бил првиот што ја поставил теоријата за универзумот како збир на релативитетот и квантната механика.

Тој, исто така, откри дека од црните дупки излегува енергија и исчезнува во празно – феномен кој подоцна ќе биде наречен Хокинг зрачење.

Преку својата работа со математичар Сер Роџер Пенроус тој покажа дека општата теорија на релативноста на Ајнштајн имплицира дека просторот и времето би имале почеток во Биг Бенг, а крај во црните дупки.

 

Научникот стана толку популарен и надвор од академскиот свет, при што се појави во неколку телевизиски емисии, вклучувајќи ги и Симпсонови, Црвеното Џуџе и Теоријата за Биг Бенг.

Тој беше предизвик за многу  ТВ емисии и филмови – во 2015 година актерот Еди Редмајн доби Оскар за улогата на Хокинг во филот „The Theory of Everything“, за што лично му честиташе и самиот Хокинг.

Треба да знаете
Последни објави