Search

Движење за Илирида: Или Законот за албански јазик, или федерализација!

Движењето за Илирида во соопштение за медиумите повика да не се губи време и да се изгласа законот за албански јазик, а според нив, ако се заобиколи ова „основно право“ на Албанците, тогаш опцијата за федерализација е неизбежна.

„Во неодамнешното минато, за албанскиот јазик биле прогонувани студенти, наставници, интелектуалци, чесните и образовани граѓани, исто како и самиот вицепремиер Хазби Лика во 1988 година тоа го доживеа на својата кожа“, се вели во објавата.

Според соопштението, ситуацијата треба да се „регенерира до критичната точка“, и незадоволството кај албанските политички партии, за самите да се убедат и да имаат реални барања за промена на политичкиот курс, и да се насочат кон опцијата за федерализација на земјата.

„Заобиколување на волјата на Албанците, минимизирањето на албанскиот фактор, како суштински елемент на демографскиот состав на државата, се причини за потврдување на аргументот и потребата од федерализација. Федерализацијата не е исклучена од страна на правните норми на ООН, и тоа е легитимна волја на Aлбанците, демократски свет ја почитува волјата на народите кои на мирен начин ги остваруваат нивните права. Движењето за ИЛИРИДА ќе се посвети за да се реализира оваа опција “, се вели во соопштението на основачкиот совет на Движењето за Илирида“.

Треба да знаете
Последни објави