Search

Втора оставка од Антикорупциска, Тантуровски не го издржа притисокот и поднесе оставка

Тантуровски не го издржа притисокот и поднесе оставка

Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски не го издржа притисокот од јавноста. И покрај тоа што изминативе денови тврдеше дека не чувствува одговорност, според информации од Комисијата тој си поднел оставка која ја доставил утринава до Собранието.

Првата оставка вчера ја поднесе членот на Комисијата Горан Миленков. Нивното повлекување од Комисијата следи откако беше објавен скандалот со злоупотреби на патните трошоци од страна на членови на Комисијата.

Треба да знаете
Последни објави