Search

Прифатени снимките како доказ во предметот „Поткуп“

Прифатени снимките како доказ во предметот „Поткуп“

Судијата во случајот „Поткуп“, Дарко Тодоровски на денешното рочиште го одби предлогот на одбраната на премиерот Зоран Заев, обвинет дека барал поткуп од струмички бизнисмен, да бидат отфрлени ПИ мерките и да не важат.

Според советот на Основниот суд Скопје , снимките биле стекнати легално и законски.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен, Иван Николов Сачевалиев за купување градежно земјиште.

Апелациониот суд Скопје во декември, постапувајќи по жалба на одбраната, го укина решението на судијката Дијана Груевска Илиевска, која го водеше предметот, да го одбие предлогот на неговите адвокати да ги издвои доказите прибавени со посебни истражни мерки.

Предметот беше вратен на повторно постапување во Основниот суд Скопје 1.

Треба да знаете
Последни објави