Search

Во Кривичниот суд рочиште за „Шпион“

Во Кривичниот суд рочиште за „Шпион“

 Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот „Шпион“ на Специјалното јавно обвинителство.

Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на докази од предметот, кои биле на разгледување во друг суд, на еден од обвинетите и двајца адвокати.

Инаку, предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство.

Скопскиот Апелациски суд  во октомври 2016 година делумно ги уважи жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначи првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1, во однос на висината на казните.

– Апелацискиот суд до Кривичниот суд ја достави пресудата со која првостепенета пресуда за предметот „Шпион“ се потврдува, со тоа што жалбите на обвинетите делумно се уважуваат и пресудата се преиначува во делот на одлуката за казната, додека жалбата на обвинетиот Ѓ.Х. се уважува и во овој дел пресудата се враќа на повторно судење и одлучување, соопшти Кривичниот суд.

На обвинетиот Горан Стојков, кој беше осуден на девет години, со одлуката на Апелацискиот суд казната му беше намалена за три години и три месеци.

Петнаесетгодишната казана на обвинетиот Маријан Ефремов му беше намалена на 10 години и шест месеци.

Маријан Маџовски доби условна казна, а претходно беше осдуден на затворска казна од 1,5 година. Условна казна доби и Ване Цветанов, кој беше осуден на тригодишна затворска казна.

Во утврдените казни, како што тогаш соопштија од Кривичниот суд, се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор. 

Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.

 

Треба да знаете
Последни објави