Search

Приведен жител на Пробиштип кој нападнал полициски службеник и две лица

Приведен жител на Пробиштип кој нападнал полициски службеник и две лица

Ј.А. (45) од Пробиштип синоќа бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка откако во 20:30 часот на ул. „Ќикевачка“ во Свети Николе физички нападнал полициски службеник, а претходно и две лица од Свети Николе.

МВР информира дека во наведеното време двајца полициски службеници отишле на местото по пријава за физички напад од страна на Ј.А. врз лицата З.М. и М.М од Свети Николе. Кога пристигнале на местото, полициските службеници му наредиле на Ј.А. да се оддалечи од дворот на З.М.

Тој не ги послушал и продолжил да вика и да упатува закани по животот кон едниот полициски службеник. Кога се обиделе да го приведат, Ј.А. физички го нападнал едниот полициски службеник, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а го гризнал два пати во пределот на десната рака. Откако дошло засилување, Ј.А. бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во јавната здравствена установа Свети Николе. За настанот бил запознаен јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави